Skip to main content
Свет

Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии

01/12/2025  21:22

Европските лидери во понеделник му дадоа поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски по американско-украинските разговори за мировниот предлог кој првично беше во корист на Русија, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп се упати кон Москва.

По средбата со Макрон, Зеленски изјави дека приоритетите на Украина се одржување на суверенитетот и силни безбедносни гаранции. Тој ги повика сојузниците да спречат Русија да биде наградена и истакна дека територијалните прашања се најголем предизвик. Украинскиот лидер додаде дека се надева на разговор со Доналд Трамп по посетата на неговиот пратеник Стив Виткоф во Русија.

Макрон порача дека „само Украина може да одлучува за своите територии“ и дека Русија не покажува знаци за запирање на агресијата. Според него, мировниот план може да се финализира само со учество на Киев и европските партнери.

„За прашањата за замрзнатите средства, безбедносните гаранции, пристапувањето кон Европската унија и европските санкции, (овој план) може да се финализира само со Европејците на маса. Значи, сè уште сме во прелиминарна фаза“, рече Макрон.