Skip to main content
Свет

Макрон најави состанок на началниците на европските армии идната недела во Париз

05/03/2025  21:30

Францускиот претседател Емануел Макрон во вечерашното телевизиско обраќање до нацијата рече дека идната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на сите европски армии.

Тој исто така рече дека Франција треба да биде подготвена за можноста САД веќе да не бидат „на нејзина страна“.