Skip to main content
Македонија

Македонија влегува во период на пеколни горештини: Над 40 степени и тропски ноќи

30/07/2026  16:54

Македонија ја зафаќа нов топлотен бран под влијание на изразено топла воздушна маса која пристигнува од југ. За време на продолжениот викенд, но и во текот на целата следна седмица, се очекува стабилно, претежно сончево и исклучително топло време.

Според метеоролошките прогнози, температурите ќе бидат значително над просечните вредности за овој период од годината, а на места се очекува живата во термометрите да се искачи и над 40 степени.

Максималните дневни температури низ земјава ќе надминуваат 32 степени, додека во најтоплите, особено јужните региони, се очекуваат екстремно високи температури од над 40 степени.

Дополнителен проблем ќе бидат и тропските ноќи. Во повеќе места температурите ќе останат високи и во ноќните часови, што ќе го намали разладувањето по жешките денови.

Во услови на продолжен период на високи температури, се препорачува да се избегнува подолг престој на директно сонце, особено во најтоплиот дел од денот. Потребно е редовно внесување вода, лесна и светла облека, капа и соодветна заштита од сонцето.

Посебно внимание е потребно за децата, повозрасните лица, хронично болните, како и лицата кои работат или престојуваат подолго време на отворено.

Според најавата, стабилното и многу топло време ќе продолжи и во текот на следната седмица, па Македонија ја очекува подолг период на летни горештини.