Search

Mилан во 94-та минута извади реми со СПАЛ

Милан на Силвио Пиоли неочекувано ремизираше на гостувањето во Ферара кај СПАЛ (2-2) во рамките од 32. коло на Серија А.

Валоти во 13. минута на спектакуларен начин го отвори резултатот, а Сандро Флокари по половина час игра ја зголеми предноста на екипата на Џиџи ди Бјаџо. Следеше исклучувањето на Д Алесандро во последните мигови од првиот дел и тоа им даде надеж на „росонерите“ дека може да останат непоразени.

По серијата напади, инвидуални обиди на повратникот Ибрахимовиќ, Бонавентура и Леао, на единаесет минути до крајот на регуларниот тек, резервистот Леао се најде на вистинското место и намали на 1-2. Кога се чинеше дека СПАЛ се одбрани, во третата од петте минути од надополнувањето, стрелецот на првиот гол Викари си даде ефектен автогол и Милан освои бод.

Треба да знаете
Последни објави