Skip to main content
Хроника

Лишен од слобода возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

06/01/2026  11:23

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Р.Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје.