
Лепа Брена синоќа одржа осмомартовски концерт во Љубљана во Арената „Стожице“, а по концертот првпат јавно проговори за смртта на нејзиниот пријател Саша Поповиќ, објавија српските медиуми.
На публиката и приреди спектакуларна вечер со нејзините најголеми хитови од времето на „Слатки грех“ каде што членуваше и Поповиќ.
Пред полна арена, Брена одржа говор, а потоа на Поповиќ му ја посвети песната „Болиш и не поминуваш“.
По концертот, пак, првпат зборуваше за Поповиќ кој почина на 1 март, а беше погребан на 6 март.
„Беше толку тешко да почнам да пеам воопшто затоа што испративме еден за мене, посебно важен човек со кој почнав да работам уште 1981 година. Ние сме луѓе професионалци, а кога душата е болна, морам да признам, многу е тешко да се пее. Овој концерт не можеше да се одложи затоа што еднаш веќе го одложивме во декември“, објасни Брена.
Верувала во пророштвото на Баба Ванѓа дека Поповиќ ќе живее 86 години и не можела да поверува дека навистина починал.
„Неговото заминување се случи наеднаш, толку не шокираше што човек од тага и болка занемува. Човек во такви моменти не може да пее. Мене вечерва публиката навистина ми помогна да пеам и оваа вечер и овој концерт и песната ’Болиш и не поминуваш’ да му ја посветам нему“, рече синоќа Брена.
Најтежок и бил почетокот на концертот кога и се мешале емоциите и уште на првата песна помислила дека нема да може да пее, но публиката ѝ помогнала за да продолжи и да го заврши концертот.