
Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен најави дека ќе се канидидира на претседателските избори во Франција следната година и покрај тоа што е осудена за измама.
Таа додаде и дека ќе ја обжали одлуката на Апелацискиот суд во Париз, со која е потврдена пресудата за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, што не ја спречува Ле Пен да се кандидира за претседателка на Франција.
Во исто време, таа беше осудена да отслужи дел од затворската казна во домашни услови со електронско следење, односно носење електронска алка.
Ле Пен е осудена за злоупотреба на пари наменети за асистенти на членовите на Европскиот парламент, кои, според пресудата, биле користени за финансирање на вработените во нејзината партија Национален собир. Таа ги негира обвинувањата.
Ле Пен (57) досега трипати се кандидираше за претседателка на Франција.
