
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ
Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески.
Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски.
Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат задоволени условите на „политичка сензитивност”.
Ова е директна потврда на она што СДСМ го говори веќе 11 месеци, Мицкоски и Славески ја донесо пералната на пари на Вучиќ со сомнителен капитал во Македонија.
Тие се виновни за хаосот и што сега граѓаните, пензионерите, не можат да дојдат до своите пари. A правните лица не можат да исплатата плата.
Славески и Мицкоски му дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачница. Никаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница.
Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски.
Откривме и документи, Записник од седница на кој се гледа дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка!
Во Европа има санкции и суспензии за Алта банка.
Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале.
Зад формалниот сопственик Давор Мацура – човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.
Во Србија има стечај, апсење и истрага.
И покрај сето тоа, Мицкоски ја внесува банката во Македонија.
Сега имаме и уште едно признание, изјава на Мицкоски дека тој ќе преговара со идни купувачи на Алта банка во Македонија.
Како кога Народна банка е независна институција?
Па исто како и првиот пат кога ја донесоа Алта банка во Македонија односно ја увезоа од нивниот ментор Вучуќ. Исто така. Мицкоски одлучил. „Сензибилитет”.
Тој донел одлука за влез на банката на кланот на Вучиќ преку Мацура. Сега тој носи одлука да се продава. Само за да сокрие криминалот што го направија.
Затоа се притискаат две банки, една домашна, една странка.
Капо ди тути капи, Мицко мора да биде дел од секој дил.
Шеф на банда, тој одлучува за се, за фирми, за банки, за пари. Тој е и Гувернер. А знаеме дека одамна е и обвинител и судија.
Мицкоски треба да одговори на пршањето колу пати разговарал со Вучиќ за Алта банка?
Колку пати се има сретнато со Мацура?
За кои провизии се зборувало?
Дали во трезорот и документите на Алта Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката. Имаше доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи.
Затоа што во банка на Мацура во Белград тоа не постоеше, и основно е сомнението дека и во Битола тоа го нема.
Ги повикуваме и чесните професионалци од НБРМ. Не потпаѓајте на криминалната власт која е во паника и која сака со застрашување.
Имате иднина и мислите на своите најблиски. Одговорност ќе има се секој што се огрешил пред законот кога власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Тоа време доаѓа.
Погледнете во соседна Србија што се случува, како организирана криминална група паѓа.
Обвинителот Савески после вакви признанија има законска обврска да реагира.
Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат!

