Skip to main content
Спорт

Кореа би можел да биде суспендиран на 12 натпревари поради пцовки кон судијата

10/03/2025  11:04

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа би можел да биде строго казнет откако беше исклучен на натпреварот од шпанското првенство против Хетафе (2:1). Аргентинецот го навредил судијата Квадра Фернандез.

Како што пренесува „Марка“, според правилата на Ла Лига, навреда или употреба на навредлив јазик кон судијата, помошните судии, четвртиот судија, управните или спортските власти, освен ако не се работи за посериозен прекршок, се казнува со исклучување од четири до 12 натпревари.

Аргентинскиот напаѓач доби црвен картон во 87. минута од натпреварот. Кога беше исклучен, Кореа употребил неколку непристојни изрази кон судијата и неговата мајка.

Делегатот тие зборови ставил во записникот од натпреварот.

„Јорганџиите“ во тој момент имаа гол предност, но Хетафе за само четири минути ја сврте табелите и забележа важен триумф во борбата за опстанок.

Атлетико Мадрид е трет со 56 бодови, еден помалку од Реал Мадрид и Барселона (натпревар помалку).