Skip to main content
Магазин

Кога жените најмногу се дебелеат?

07/04/2025  23:09

Најновото истражување открива дека критичниот период кога жените најчесто добиваат вишок килограми е токму 38-та година од животот. Тоа е моментот кога најголем дел од жените се чувствуваат најнезадоволни од својот изглед.

Според истражувањето:

  • 35% од жените се здебелиле откако станале мајки, бидејќи јадат повеќе или почесто.
  • 33% велат дека по свадбата и влегувањето во долготрајна врска килограмите почнале да се трупаат.
  • 22% го поврзуваат дебелеењето со емотивен стрес по прекин на врска или развод.

Но, истражувањето носи и добра вест – по 40-тата година, многу жени доживуваат позитивен пресврт. Оваа бројка претставува своевидно „будење“ – време кога жените почнуваат свесно да се грижат за себе, да го менуваат начинот на живот и да ги отфрлат лошите навики.

Кај мажите, пак, критичниот период за таложење килограми е нешто подоцна – меѓу 40 и 45 години, кога најмногу се соочуваат со маснотии во пределот на стомакот и опуштено тело.