Skip to main content
Свет

Клиентите на Бајнанс повлекле 3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа

02/11/2026  21:52

Клиентите на најголемата светска крипто берза Бајнанс (Binance) повлекоа   3,64 милијарди долари откако платформата продолжи со работа по масовниот кибер напад со кој минатата недела украдоа крипто средства во вредност од 6,3 милијарди долари. Компанијата соопшти дека одливите се стабилизирале по првичниот пораст.

Бајнанс велат дека имаат 171 милијарда долари во средства под управување и 335 милиони регистрирани корисници ширум светот заклучно со 28 октомври. Крипто берзата претходно објави дека обезбедила замена за 95 отсто од средствата украдени во хакирањето, користејќи свои средства за купување токени за замена. Останатите 5 проценти се помалку ликвидни средства за кои може да биде потребно подолго време за да се обезбедат.

Повлекувањата на крипто-средствата се обновуваат во фази.

Кибер нападот ја зголеми загриженоста за безбедноста на пазарот на крипто. Цената на биткоинот го достигна најниското ниво за шест недели во петокот пред делумно да се опорави на над 78.000 долари денеска. Етериум, исто така, забележа мало закрепнување откако го достигна најниското ниво во последните два месеци од 2.287 долари.

Според американското Федерално биро за истраги (ФБИ), хакерска група поддржана од Северна Кореја, позната како TraderTraitor стои зад нападот. Нападот е дел од серијата кражби на криптовалути. Крипто средства во вредност од околу 2,9 милијарди долари беа украдени во речиси 150 одделни инциденти минатата година, според американската компанија за анализа на блокчејн TRM Labs.