Skip to main content
Македонија

Кешишев: Палевски имаше црна кутија со снимени телефонски разговори и ни ги пушташе

04/04/2025  15:21

Обвинетиот Влатко Кешишев одговарајќи на прашања на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Љупчо Палевски, рече дека Палевски поседувал црна кутија во која чувал снимени телефонски разговори и дека им пуштил некои од нив да ги слушаат.

На денешното рочиште Кешишев се соочи со Палевски иако одговараше на неговите вкрстени прашања свртен со грб кон него.

Кешишев негираше дека во седиштето на Десна видел или слушнал аудиоразговори, снимени телефонски разговори.

– Дали ви е познато дека поседувам такви материјали? – праша Палевски.

– Ти ни покажа и мислам дека на неколкумина ни пушти еден до два разговори – рече Кешишев.

Од одговорите на Кешишев се заклучува дека Палевски бил опседнат со бришењето на трагите од работите со кој бил во допир за време на убиствата, со спреј ВД 40 го чистел воланот, менувачот, лопатите.