Skip to main content
Македонија

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

08/05/2025  21:02

Тетовскиот градоначалник и еден од лидерите на БЕСА, Биљал Касами, вели дека во наредните денови ќе има конкретни активности од премиерот Мицкоски во таа насока.

-Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го кажавме, нема соработка со ДУИ и Владата. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови, рече Касами.