Skip to main content
Магазин

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?

21/01/2026  20:42

По денови исполнети со тешка храна и празнични трпези, на организмот му е потребна пауза и полесен режим, без екстреми и рестриктивни диети. Враќањето во рамнотежа започнува со мали, но свесни промени во исхраната. По празниците, фокусот треба да се стави на свежи и лесни намирници кои го поддржуваат природното прочистување на телото. Зеленчукот и овошјето, интегралните житарки и лесните извори на протеини помагаат во обновување на енергијата, без чувство на тежина. Денот може да започне со смути или овесна каша, а оброците да се надополнат со супи, салати и печен зеленчук.