Skip to main content
Хроника

Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија

06/09/2025  13:59

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ – Дебар, спречиле шверц на добиток, кој требало да заврши на албанска страна.

Според него, на издадена наредба да застанат, лицата продолжиле со движење, па полициските службеници испукале три предупредувачки куршуми во воздух, по што лицата излегле од возилото и се дале во бегство.

– По преземени мерки, К.Б. е лишен од слобода и во службениот разговор изјавил дека нема никаква документација за добитокот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, нагласи Димоски.

Шверцот на добиток од македонска на албанска територија не е реткост, поради повисоката цена на месото во соседна Албанија.