Skip to main content
Македонија

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

03/11/2026  23:35

Јовица Андовски е именуван за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), на местото на досегашниот директор Оливер Миланов, соопшти Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) преку објава на социјалните мрежи.

Андовски претходно долги години ја извршуваше функцијата заменик-министер за здравство. Од СПМ му честитаа за именувањето и оценија дека неговото искуство, професионалност и посветеност биле препознаени од партиското и државното раководство.

„Со својата одговорност, сериозност и посветеност кон Социјалистичката партија на Македонија, Јовица Андовски претставува пример за приврзан и чесен партиски член“, наведуваат од СПМ.

Партијата му се заблагодари и на Оливер Миланов за досегашното раководење со Агенцијата. Од СПМ оценија дека неговиот ангажман во АХВ е основа за во иднина да преземе други одговорни функции во извршната власт.