Skip to main content
Спорт

Јокиќ најдобар играч во Европа за 2024 година

02/01/2025  22:08

Центарот на Денвер Нагетс и репрезентацијата на Србија, Никола Јокиќ ја доби престижната награда „Европски играч на годината“ со 32 отсто од гласовите, соопшти ФИБА.

Третото место го зазеде уште еден член на „орлите“, Богдан Богдановиќ со 15 отсто од гласовите.

Во 2024 година Јокиќ по трет пат во последните четири сезони беше прогласен за најкорисен играч во НБА, а со репрезентацијата на Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз.

Членот на Нагетс блеска во актуелната сезона и просечно бележи 30,7 поени, 13 скока и 9,7 асистенции.

Минатата година наградата му припадна на Словенецот Лука Дончиќ.