Skip to main content
Македонија

Јавно проговори уште една жртва на тепачот од Радовиш

29/03/2025  16:37

„Минатата година во месец март првпат се запознав со човекот и оттогаш започнаа сите напади врз мене. Ме имаше фатено за врат, ме малтретираше и тепаше. Јас плачев, викав на цел глас, но се беше залудно, никој не можеше да ме слушне. Во август месец во исто време не имаше тепано со жртвата од виралното видео на ТикТок“, за Мета.мк изјави поранешна жртва која исто така била крвнични малтретирана од лицето кое тепаше жена на ТикТок лајв стрим.

Младата поранешна жртва В.Г. (19) која била малтретирана од истиот маж, објави видео во кое изјавува дека ова не е прв случај тој крвнични да малтретира жени. Според изјавата која што е објавена на стар ТикТок профил на лицето „Александар Ангелов“ (35) од Радовиш, жртвата тврди дека ова е веќе четврт случај на малтретирање на жени.

Претходно на социјалните мрежи стана вирално видеото на кое се гледа како маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“. Тој веднаш беше приведен.

Но, Министерството за внатрешни работи откако го приведе насилникот подоцна го пушти на слобода бидејќи, како што велат, нема доволно докази за негово задржување. Лицето беше приведено на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Сегашната жртва, неофицијално, не сака кривично да го гони насилникот.

Поранешната жртва која сега зборува за Мета.мк, тврди дека минатата година, насилникот малтретирал повеќе жртви.

„Живеам во странство веќе пет години, но се вратив во Македонија минатата година во март. Тогаш се запознав со него, бев крвнични малтретирана. Веднаш следниот ден го пријавив случајот. Према него имам гнев и многу се плашам бидејќи ѝ се закануваше на мојата фамилија, на сеста ми и на мајка ми. Со него ќе се видам на судење на 8 април“, вели таа.

Извор: Мета.мк