Skip to main content
Македонија

Јакимовски: Да воведеме и данок на изгубени премиери, купени дипломи, фалсификувани сертификати?

05/07/2025  12:18

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, остро и иронично реагираше на социјалните мрежи по најавите за можни нови мерки поврзани со демографијата, посочувајќи ја како апсурдна идејата за „данок на неженети“.

„Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! Бројот на ученици е намален за 17.000 – тоа е аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација“, напиша Јакимовски.

Тој саркастично предложи и други „даноци“:
▪️ Данок на изгубени премиери
▪️ Данок на купени дипломи
▪️ Данок на партиски вработувања без знаење
▪️ Данок на фалсификувани сертификати

Јакимовски ја спореди ситуацијата со отоманскиот систем на оданочување и додаде: „Продолжи вака, премиере! Даночната инспирација ти оди подобро од демографската стратегија!“

Со оваа објава, градоначалникот испрати силна критика до Владата, обвинувајќи ја за популизам и отсуство на вистинска визија за справување со демографската криза во земјата.