Skip to main content
Свет

Ирански генерал: Трамп лаже и е очаен

21/04/2026  10:01

Ирански генерал го обвини Доналд Трамп дека „лаже“ и дека е „очаен“ во обидот да постигне примирје.

Според новинската агенција Фарс, поврзана со Иранската револуционерна гарда, висок командант во иранската војска изјавил дека Иран и неговите сили ги довеле Израел и САД „до очај и исцрпеност“, принудувајќи ги „очајно да бараат прекин на огнот“.

Генералот Абдулахи, исто така, рече дека вооружените сили нема да дозволат „лажливиот и заблуден американски претседател“ да „создава лажни наративи за ситуацијата на терен“, особено кога станува збор за Ормутскиот теснец.

Сè уште не е јасно дали иранската делегација ќе отпатува во Исламабад за втората рунда преговори со САД.