Skip to main content
Македонија, Скопје

Хуманитарен настан во МКЦ по повод 15 години Национална мрежа против насилство врз жени

23/12/2025  10:34

Денеска во Кино Фросина – МКЦ ќе се одржи хуманитарен настан по повод одбележување на јубилеј – 15 години од формирањето на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. 

Националната мрежа која во себе брои 25 организации членки, го одбележува јубилејот 15 години од своето основање и активна работа на препознавање и заштита на жените од родово базирано насилство вклучително и семејно насилство, фемицид како и застапување на интересите на жртвите.

Донација кон Интервентниот женски фонд може да остварите преку купување на билет ТУКА.