
Прес-конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Додека се трупаат долгови и се распродава земјата, водата, рудата а граѓаните стравуваат од новите сметки за струја, бизнис-мрежата на Мицкоски брои милиони.
Веќе објавивме – нова зделка вредна 13,2 милиони евра.
Компанијата „METER&CONTROL” од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за електрична енергија. Оваа фирма е поврзана со „Rudnap Group”, која се појавува во нејзината сопственичка историја.
Кој е клучниот линк меѓу „Руднап” и Владата на Мицкоски? Министерката за енергетика, Сања Божиновска и конзулот Душан Адамовиќ.
Во периодот од 2011 до 2014 година, Божиновска била извршен директор во компании на „Rudnap Group” во Централна и Источна Европа.
Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ” Скопје, каде што била управител.
„Руднап” е партнер и со „Ал Дахра”, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода”, модел кој сега се најавува и во Македонија.
Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Ова е новата милионска алка во енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски, која СДСМ ја разоткри пред шест месеци.
Мрежа чии пипци се протегаат од Регулаторната комисија, РЕК и Развојната банка, па сè до офшор-структури на Кипар.
Офшор-структурите на Кипар водат до „Rudnap Group” на Војин Лазаревиќ, а целата мрежа директно се поврзува со Владата преку Сања Божиновска.
„Руднап” е една од клучните алки што ги поврзуваат СНС во Србија, ВМРО ОКГ во Македонија и енергетската бизнис-мрежа на Мицкоски.
За граѓаните – повисоки трошоци, неизвесност и страв од секоја следна сметка за струја.
За енергетскиот октопод на Мицкоски – нов договор од 13,2 милиони евра.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=VnVk0ZN-Syw
