Skip to main content
Скопје

Граѓаните револтирани поради сметот во Скопје, Арсовска вели исто се работи, само се зголемил волуменот на отпад околу и во контејнерите

05/05/2025  17:59

Скопје се гуши во смет, граѓаните секој ден се сè повеќе револтирани, но градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вели се е исто како и пред многу години.

MK Summit

„Градот Скопје функционира, односно комуналното претпријатие, Јавното претпријатие, Комунална хигиена, работи идентично, поденаково како што работело и во сите изминати години… Значи, секојдневно во оние денови од неделата, кога за истото, нормално, треба да излезат на теран и да го завршат истото“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Таа проблемот не го гледа во функционирањето на ЈП Комунална хигиена, туку според неа, во последниве години драстично се зголемил волуменот на отпад околу и во контејнерите.

„Се случува да имаме ситуацији каде што комунално претпријатие или пак приватни субјекти кои што ги собираат овие отпади од доманќинствата, односно од правни лица, истите не ги исфрлаат во Дрисла, како единствената санитарна депонија во Македонија. А сега, бидејќи имаме навистина ригорозни санкции, успеваме да ги детектираме сите оние депонии, каде што се обидуваат да ги депонираат и таму следат кривични одговорности, тие во часовите, наоѓаат кога има некој измеѓу период, истото го вршат како празнење во контејнерите, односно, поконкретно покрај контејнерите“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска вели дека Комуналната инспекција во Град Скопје работи турбо и дека таа има двојно повеќе инспекции и казни во споредба со сите останати такви инспекции од цела држава.

„Така секоја општина има свој инспектори кои што, за жал, треба да се на терен и да поступуваат и исто така секоја општина има свој комунални предпријатија кои што, исто така, треба да работат“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска вели и дека улиците редовно се метат, но дека само по неколку часа тие повторно се валкани. Не сакаше да даде оценка од 1 до 10, каде 10 е највиоска, за тоа колку Скопје е чисто.

Извор: ТВ21