Skip to main content
Скопје

Граѓаните на Центар може да пријават депонии и смет на следниве телефонски броеви

06/02/2025  18:40

Општина Центар информира дека општинските служби денеска ги исчистија улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев. Чистењето на улиците и јавните површини на територија на централното градско подрачје е клучно за квалитетот на живот на нашите граѓани.

Минатата недела, Општина Центар почна голема акција „Центар не чека, Центар чисти“ кадешто секој ден се собира сметот во сите населби во Центар. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.