Skip to main content
Хроника

Го натепал сопствениот син бркајќи го од дома, го мавал по глава, го фрлал низ ходник – Драма во Скопје

07/04/2025  16:11

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

„На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.