Skip to main content
Скопје

(Фото/Видео) Огромна дива депонија во Бутел – извор на зарази и болести

28/04/2025  13:16

Во Скопје има стотици диви депонии кои со години го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните.

Речиси секоја скопска населба има делови кои се претворени во габаритни депонии каде недозволено се одлага секаков вид на отпад.

Една од нив е и дивата депонија во општина Бутел.

На само стотина метри од булеварот Христијан Тодоровски Карпош на спореден пат, меѓу објекти фирми и трафостаницата на МЕПСО се наоѓа дива депонија долга стотици метри.

Кабаст отпад, градежен шут, гуми, стакла, автомобилски делови, но и азбестни плочи кои се сериозна закана за здравјето на граѓаните, се само дел од огромното ѓубре што секојдневно се трупа на оваа локација.

На видеото и фотографиите погледнете како утрово изгледаше оваа дива депонија.

Ниската еколошка свет на граѓани, но и неспособноста и инертноста на градските и општинските власти доведоа до ситуација Скопје да биде најзагаден град во Европа.

Ако во зимските месеци се мачиме со аерозагадување, во сиот останат период се мачиме со диви депонии и загадување на почвата и водите.