Skip to main content
Свет

До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници

18/09/2026  20:04

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека светот до 2030 година ќе се соочи со недостиг на медицински персонал, со оглед на тоа што една четвртина од лекарите ќе се пензионираат во следните 10 години.

СЗО наведува дека до 2030 година се проценува дека 67 земји ќе имаат недоволно персонал за да ги одржат сегашните стандарди за медицински третман.

За да се одржи сегашната распределба на медицинскиот персонал во однос на населението, потребни се дополнителни 832.000 здравствени работници.

Земјите со повисоки приходи, вклучувајќи многу во Европа, ќе бидат најтешко погодени бидејќи имаат поголем процент на постари здравствени работници, а во тие земји еден од тројца лекари ќе се пензионира во следните 10 години.