Skip to main content
Македонија

Филипче: Најавата на мојот линч е од 19 ти декември, сега е појасно 

22/01/2026  15:31

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција презентираше дел од илјада токсични и навредливи медиумски наслови, кои се производ на „медиумскиот октопод на ВМРО”.

Филипче посочи дека со вакви напади секојдневно се соочува и лично тој и СДСМ. Филипче потсети  дека најавата за неговиот линч се случи на 19-ти декември минатата година, со што стана јасно дека се работи за смислено и координирано сценарио од ВМРО-ДПМНЕ.


Притоа, Филипче нагласи дека од здруженијата на новинари очекува да застанат на страната на вистината. 


„Во Здруженијата на новинарите, гледавме последен зрак надеж дека ќе можат да се одбранат од притисоците на ВМРО и да застанат на страната на вистината. Се уште чекаме одговор за поднесените осум претставки за навреди од страна на Геровски. Тој ме споредува со убиец на деца, замислете убиец на 300 деца. И никој не реагира”, рече Филипче.


На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека целта на ваквата кампања на ВМРО е дефокусирање од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Тој најави дека СДСМ ќе се обрати до Европската Унија, до  нејзините институции, како и до сите меѓународни организации за заштита на слободата на говор и слобода на медиумите.