Skip to main content
Македонија

Филипче: Кризата со мигрантите во Македонија е како кризата со Литиумот во Србија!

10/12/2025  12:27

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја водат Македонија по истата траекторија како Србија под водство на Вучиќ. Филипче посочи дека власта повторува идентични шеми, со скриени договори и манипулации, кои ја туркаат државата во длабока политичка и општествена криза. Како пример, Филипче го посочи случајот со Литиумот во Србија.

Филипче истакна дека Македонија денес се соочува со иста таква политичка конструкција како во Србија.

„Дали сега ви е јасно дека Македонија се наоѓа во иста една таква криза? Кризата со мигрантите е истата криза како проектот за копање на Литиум во Србија. И ова е истото препишувачко школо на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Само го следат истото сценарио. Се е ова „copy-paste”. Најавивме веќе дека власта планира и подготвува избори следната година на пролет. Тоа значи дека мигрантите се веќе договорени, а за возрват треба да добијат пари”, нагласи пртседателот на СДСМ, Венко Филипче.