Skip to main content
Хроника

Двајца малолетници натепани во Охрид

11/01/2025  20:24

На 10.01.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид, Љ.Д.(40) од Охрид пријавила дека нејзиниот малолетен син, на улицата „Сирма Војвода” во Охрид, бил физички нападнат од три малолетни лица. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

На 10.01.2025 во 19 часот во СВР Охрид, Г.Д.(45) од Охрид пријавил дека неговиот малолетен син, на улицата „Карпош Војвода” во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.