
Соопштение на ДОМ:
Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици во сегашниот геополитички и безбедносен контекст за цела Европа, а особено за земјите од Западен Балкан. Ова беше главната порака што ја истакна ДОМ на Состанокот на лидерите на зелените партии од Европа, претсавуван од ко-претседателката, Ана Угринска, кој се одржа во Брисел на 8 мај (петок).
Во рамките на состанокот таа оствари и повеќе средби на кои дополнително беа потврдени и зајакнати позициите на зелените партии во насока на зачувување на зелените вредности, со посебен акцент на почитувањето на демократските принципи, меѓународното право и безбедноста. Притоа беше истакнато дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан претставува важно прашање за стабилноста, безбедноста и демократската отпорност на Европа, како и дека е потребна поефикасна и пообединета Европска Унија, ослободена од блокади и злоупотреби на правото на вето во процесите поврзани со европската интеграција и заедничките стратешки политики. „Интеграциските процеси се од исклучителна важност не само за Македонија и земјите од Западен Балкан туку и за цела Европа и во таа насока сега е вистинскиот момент за укинување на ветото како блокирички механизам и на тој начин да се зајакне европската соработка во областа на дипломатијата и безбедноста” – потенцираше Угринска.
Како полноправна членка на Европската зелена партија, ДОМ ќе продолжи активно да учествува во сите процеси кои придонесуваат за демократија, безбедност и владеење на правото. Само на тој начин директно се практикуваат заложбите кои даваат вистински придонес кон евро-интеграциските процеси на нашата земја.


