Skip to main content
Македонија

ДО САБОТА (15 МАРТ) СИЛЕН ЈУЖЕН И ЈУГОЗАПАДЕН ВЕТЕР: Ќе достигнува брзина до околу 80 км/час, температури до околу 30 степени!

13/03/2025  08:31

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во моментов особено во западните  и во источните предели од нашата Република Македонија има локална појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер од јужен правец. Во текот на денешниот ден (четврток 13 март) врнежите ќе престануваат.

До сабота (15 март) ќе дува силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина дури до околу 80 км/час). И во Скопје  и околината повремено ќе дува силен ветер од јужен и од југоисточлен правец.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Република Македонија и понатаму се врши транспорт на прашина  и на песок, со што и Атмосферата е позначително заматена, а времето е многу мачно и спарно.

Ш то се однесува до температурите, тие особено до сабота ќе бидат рано – летни и ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината. Односно, тие речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени. Во Повардарието температурите очекуваме да достигнат дури до околу 30 степени. Во Скопје за време на овој период температурата ќе се искачува близу 30 степени.