Skip to main content
Хроника

Дете тешко повредено, врз него паднало дрво – МВР откри детали

05/03/2025  16:15

На 04.03.2025 околу 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13:30 часот во парк на ул.„Никола Русински“ на подрачјето на Карпош во Скопје паднало дрво врз десетгодишно дете од Скопје.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.