Skip to main content
Македонија

Денеска се враќаат уште осум пациенти кои беа на лекување во странство – сите се во добра здравствена состојба

27/03/2025  13:51

Уште осум повредени од пожарот во дискотеката во Кочани денеска ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба.

„Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат“, рече минситерот за здравство, Арбен Таравари.

Тој посочи дека четири пациенти и натаму се во тешка состојба, но подобро, од тоа што биле претходните денови. Денеска се малку подобри вестите, тие критични се малку подобро од вчера, но се во релативно тешка здравствена состојба“, додаде Таравари.