Skip to main content
Македонија

Денеска е празник на големата заштитничка на жените: Ова се верувања кои треба да ги почитувате

17/12/2024  11:16

За денешниот ден Св. Варвара во некои делови од земјата се верува дека каков ќе ти биде денот, таква ќе ти биде годината.

Исто така, денес луѓето избегнуваат одење на гости, затоа што се верува дека кој прв ќе ве „полази“ таква ќе ви биде годината.

Тој прв што ќе влезе во куќата наутро се вика „полезник”. Се смета дека е добро тој да е човек со „лесна нога”, поради што покануваат луѓе кои се сметаат за среќни, први да дојдат наутро и да бидат полезници, за претстојната година да биде среќна.

Верување меѓу народот е дека не се оди никаде на гости на овој ден, дома се седело. Се верува дека денес кој прв ќе ти влезе дома таква ќе ти е годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет.

На овој ден се подготвува пченка за варење. Пченка, пченица, грав и грашок се готват во “вариа” – претежно зрна, кои се готват на тивок оган. Јадењето се нарекува и „савица“ затоа што се јаде следниот ден, на празникот на Свети Сава осветен.