Skip to main content
Спорт

Дејвид Мојс по 12 години се врати во Евертон

11/01/2025  14:49

Шкотскиот стручњак Дејвид Мојс се врати во Евертон. 61-годишникот од Глазгов на клупата го наследи Шон Дајч, кој доби отказ во четвртокот.

Дајч доби отказ, поради лошите резултати, Евертон е 16-ти во Премиер лигата, само еден бод над зоната за испаѓање. Клубот од Гудисон Парк има само три победи од 19 натпревари во Премиер лигата.

Евертон го победи третолигашот Питерборо Јунајтед со 2-0 во третото коло од ФА Купот во четвртокот, при што тимот го водеа капитените, поранешниот и сегашниот, Лејтон Бејнс и Шејмус Колман.

Мојс во Евртон се врати по 12 години, претходно го предводеше клубот од 2002 до 2013 година. Во 2013 се пресели во Манчестер јунајтед како наследник на неговиот познат сонародник Алекс Фергусон, но тој беше отпуштен по 10 месеци. Тој подоцна беше тренер на Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем во два наврати и ја освои Конференциската лига на УЕФА со клубот од Лондон во 2023 година.