Skip to main content
Хроника

Маж од Охрид загинал откако паднал од мопед

18/09/2026  14:43

На 17.09.2026 околу 11:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус” во Охрид, 67-годишниот И.Б. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од здобиените повреди, И.Б. починал на местото на несреќата, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид.