Skip to main content
Македонија

,,Да не сакате друго пумпање?” вицепремиерот Стоилковиќ со погрдни зборови кон Костовски од СДСМ

15/03/2025  16:08

Организациониот секретар на СДСМ Мартин Костовски во објава на социјалните мрежи изрази поддршка на протестите во Белград.

Набрзо потоа неговата објава ја сподели Иван Стоилковиќ вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците но проследено со погрден коментар.

„Напумпамо ве на избори. Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав …“, напиша тој на Фејсбук, коментирајќи го статусот на организацискиот секретар на СДСМ, кој јавно ги поддржа студентските протести во Белград со порака „Пумпај”

Ова е класичен пример за сексистички напад и ширење на закани кон политички противник.

Стоилковиќ важи за близок човек на српскиот претседател Александар Вучиќ, а неговата партија долги години е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.