
СВР Куманово поднел кривична пријава против Љ.З.(27) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
На 03.09.2024 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршен преглед на патничко возило, управувано од лице од Струмица, пријавениот ја злоупотребил службената должност и овластување, на тој начин што на лицето му пресметал за плаќање помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 41.433 денари на штета на буџетот на РСМ.