Skip to main content
Македонија

Coca-Cola HBC и Пивара Скопје повторно рангирани како најодржливи компании за пијалаци на глобално ниво

04/03/2025  13:34

Групацијата Coca-Cola HBC, чиј дел е и Пивара Скопје, ги задржа највисоките позиции на двете најважни светски ЕСГ ранг листи за одржливост. По осми пат, групацијата е рангирана како најодржлива компанија за пијалаци според Индексот на оддржливост Дау Џонс (Dow Jones Best-in-Class Indices) за 2024 година, задржувајќи го првото место. Групацијата е во најдобрите 1% од вкупно 7690 анализирани компании во 67 категории. Напорите на компанијата во оваа област се високо оценети и од страна на ЦДП (CDP), глобална еколошка непрофитна организација која ѝ додели двоен „А“ рејтинг за 2024 година во двете категории – клима и вода.

„Овие достигнувања претставуваат потврда дека нашите заложби за одговорно управување со ресурсите и намалување на влијанието врз животната средина носат реални резултати. Веруваме дека одговорното работење е клучно за иднината и затоа постојано инвестираме во иновативни решенија кои придонесуваат кон остварување на нашите цели. Нашата компаниска заложба за нето-нулта емисија на гасови до 2040 година не е само обврска, туку и одговорност кон заедницата и за иднината“, вели Снежана Савиќ – Димовска, директорка на Одделот за корпоративно работење и оддржливост во Пивара Скопје.

Како дел од својата стратегија за развој, групацијата Coca–Cola HBC и Пивара Скопје имаат поставено Мисија 2025 со која меѓу другото се предвидува нула емисии на CO₂ во атмосферата до 2040-та година, одржливо управување и употреба на водните ресурси и намалување на отпад.

Локално, во делот на производство на пиво, Пивара Скопје има постигнато одлични резултати со намалување на потрошувачката на вода и потрошувачката на енергија.

„Изминатата година направивме значителен напредок во ефикасното управување со ресурсите и континуирано подобрување на нашите процеси. Во 2024 успеавме да ја намалиме потрошувачката на вода за 6,25% во однос на 2023 година. Со зголемено користење на обновливи извори на енергија ja намаливме потрошувачката на електрична енергија за 4,81% споредено со 2023 година, а за 5,25% е намалена потрошувачката на топлинска енергија. Овие резултати не само што ја подобруваат нашата оперативна ефикасност, туку и ги намалуваат емисиите на штетни гасови. Што е уште поважно, во 2024 година успеавме да ја зголемиме рекуперацијата на CO₂ од вкупен CO₂ за 12%, што претставува значаен успех во подобрување на нашата ефикасност во управувањето со емисиите и придонесува кон оптимизација на целокупната продуктивност на нашите процеси. Овие резултати не се само бројки – тие се доказ дека преку иновации, посветеност и континуирани вложувања во зелени технологии, обновлива енергија и одржливи производствени практики, можеме да ја обликуваме иднината на пиварството. Докажуваме дека врвно произведеното пиво и грижата за планетата можат да одат рака под рака и со гордост продолжуваме да инвестираме во одржливи решенија кои ќе бидат основа за нашата иднина и на идните генерации“, вели Александар Бојаџиски, директор на операции пиво во Пивара Скопје.
Пивара Скопје и групацијата Coca-Cola HBC продолжуваат да инвестират во оддржливи пракики, докажувајќи дека одржливоста не е само корпоративна стратегија, туку суштински дел на деловната практика и долгорочна визија.