Skip to main content
Македонија

Пеколно попладне во Скопје: Во 14 часот измерени 40 степени

03/08/2026  17:54

Скопје денеска се соочи со екстремно високи температури, а во попладневните часови беа измерени 40 степени Целзиусови.

Фотографија испратена до нашата редакција покажува дека во 14:16 часот термометарот во автомобил регистрирал температура од точно 40 степени, што е уште една потврда за силниот топлотен бран што го зафати главниот град.

Високите температури го отежнуваат движењето и престојот на отворено, особено во периодот од пладне до доцните попладневни часови. На граѓаните им се препорачува да избегнуваат директна изложеност на сонце, да внесуваат доволно течности и да носат лесна и светла облека.

Посебно внимателни треба да бидат повозрасните лица, хронично болните, децата и бремените жени, кои се најранливи на последиците од екстремните горештини.