
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар, предизвикувајќи застој и отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница објави 4news.mk.
Според првичните информации, пожарот избувнал додека автобусот бил во движење. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е целосно зафатен од пламен, додека густ чад се издига над автопатот.
Поради интервенцијата на надлежните служби, сообраќајот на делницата Тетово–Гостивар во изминатите часови се одвивал отежнато.
Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за причините што довеле до избувнување на пожарот.
Надлежните институции најавуваат дека повеќе детали за инцидентот и причините за пожарот ќе бидат соопштени во текот на денот.


