Skip to main content
Спорт

Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

21/05/2025  18:38

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на последната свој седница донесе одлука да го намали бројот на клубови во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) од 12 на 10.

Ќе има намалување и во второто ниво на македонски фудбал (ВМФЛ), откако од другата сезона ќе се натпреваруваат 14 клубови од досегашните 16.