Skip to main content
Живот

Боровинките се одлични за здравјето на срцето и го намалуваат ризикот од дијабетес

07/03/2025  10:51

Неколку научни студии сугерираат дека замрзнатите боровинки не само што ги задржуваат своите хранливи материи, туку во некои случаи може да имаат и повеќе од свежите.

Студијата објавена во Journal of Agricultural and Food Chemistry покажала дека замрзнувањето на боровинки може дури и да ја зголеми достапноста на антиоксиданти, особено антоцијани – моќни соединенија кои помагаат во борбата против воспалението и оксидативниот стрес.

За време на замрзнувањето, ледените кристали ги разградуваат клеточните ѕидови на бобинките, што му овозможува на нашето тело полесно да ги апсорбира овие корисни материи.