
Министерот за спорт, Борко Ристовски, преку социјалните мрежи, реагираше за скандалот што се случи во Гевгелија, на мечот меѓу Кожуф и Башкими. Гостинскиот тим постигна скандалозен гол во судиското продолжение од мечот откако домашните фудбалери буквално не реагираа и не се ни обидоа да спречат Башкими да постигне погодок, кој им ги донесе, можеби, клучните три бода во борбата за влез во Првата лига. Срамниот погодок веднаш ја разбранува јавноста во Македонија, а со реакција се јави и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Ќе ги почекаме извештаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на фудбалските клубови Кожуф и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста спорт – изјави министерот Ристовски.