Skip to main content
Македонија

Бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина за време на зимскиот распуст

05/01/2026  18:09

Општина Битола, во соработка со јавното претпријатие „Пелалинк“, и оваа зима ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина, како за учениците, така и за сите граѓани. „На 8 и 9 јануари (четврток и петок) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, соопшти Општината.