Skip to main content
Балкан

Автомобил излета од пат и заврши во река, нуркачи извлекоа тела од водата: тешка несреќа во Хрватска

08/05/2025  08:28

Три лица загинаа во среда вечерта во тешка сообраќајна несреќа во градот Подградина во општина Сливно, откако автомобил излетал од патот и завршил во реката Мала Неретва, објавија хрватските медиуми.

Телата биле пронајдени на задното седиште од возилото, објави 24сата.хр.