Skip to main content
Скопје

Арсовска за Ганиу: Кога веќе не добива кривична, треба да добие гранд од Фонд за иновации, за изум за патување низ времето!

30/05/2025  14:11

Лик како Вики Ганиу би требало да добие грант од Фонд за иновации, кога веќе не добива кривична пријава за над 150 противзаконски и опасни дивоградби кои ги кеширал – стои во објавата на Фјесбук на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска

Ако ги погледнеме двете сателитски снимки од кои првата е од денес, а втората од 2023 година ќе забележиме дека Ганиу успеал и да најде начин како да патува низ времето.

Јавното обвинителство не гледа никаков проблем зграда ИЗГРАДЕНА СЕГА, да биде заведена како објект кој е изграден пред 2011 година, иако очигледно е дека според ОФИЦИЈАЛНАТА снимката на Катастар која е направена во 2023 дека на таа локација нема зграда.

Снимката е јавно достапна на Катастар и може секој да ја види и истото да го утврди па дури и Јавното обвинителство. ОЧЕКУВАМ НА КАТАСТАР СИСТЕМОТ ДА ПАДНЕ, А ДОКАЗИТЕ КОИ СЕ ВО ОПШТИНА ЧАИР ДА БИДАТ УНИШТЕНИ, за што имавме информации и јавно ги истакнавме со докази, но никој не оди во Чаир овие докази да ги обезбеди со што се дозволува да се уништат.