Skip to main content
Македонија

Апел за помош на 26-годишниот Виктор, татко на 4-месечно бебе кој боледува од тумор на главата

29/01/2025  19:58

26-годишен татко на четиримесечно бебенце боледува од тумор на главата и денес заминува на итна операција во Турција. Еве ја целосната порака на сопругата на Виктор, во апелот кој е објавен на платформата на фондацијата Павел Андреев:

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Од срце, Ви благодараме!
Александра Николоска (сопруга на Виктор).

Броеви за донации:
Телеком: 143 129
А1: 143 467

Трансакциска сметка:

270700089618928

Халкбанк АД Скопје