Skip to main content
Свет

Американка со нож нападнала дете во маркет, полицијата ја убила

15/04/2026  08:05

Полицијата во Омаха, Небраска, застрела и уби жена која со нож повредила 3-годишно момче за време на обид за киднапирање во продавница на Волмарт рано наутро во четврток. Двајца полицајци ја застрелаа 31-годишната Ноеми Гузман откако таа го повредила момчето и одбила да го фрли ножот, соопшти полицијата, според NBC News .

Полицијата била повикана во продавницата вчера околу 9:13 часот по локално време.

Кога полицајците пристигнале седум минути подоцна, пронашле жена пред Волмарт „како држела нож врз 3-годишно дете во количка за пазарење“, рече Греј. „Полицајците и давале наредби на осомничената“, продолжи тој.

„Постои видео снимка на која се гледа како осомничената замавнува со нож кон детето и го сече во лицето. Во тој момент, полицајците, барем еден од нив, отвориле оган, а осомничената починала на местото на настанот.“